речник контакт

Коцевски - Отворање на нови работни места и намалување на сиромаштијата

Подобрување на локалната бизнис клима, воспоставување на нови партнерства за соработка, не само со странските компании туку и со домашните со цел да ги изедначиме во статусот

Петар Печков

Отворање на нови работни места и намалување на сиромаштијата е мој врвен приоритет. Тоа ќе го направиме со подобрување на локалната бизнис клима, воспоставување на нови партнерства за соработка, не само со странските компании туку и со домашните со цел да ги изедначиме во статусот.

Потоа изградба на нова комунална инфраструктура во постпоечките индустриски зони, развивање на нови проекти за прекфалификација и докфалификација со цел да им овозможиме на нашите невработени сограѓани полесно да дојдат до работно место. Нови програми за професионална ориентација на младите со цел средношколското стручно образование да го прилагодиме на потребите на бизнис заедницата во нашиот град.

комерцијален текст

Потоа исто така ќе вложуваме многу во создавање на услови на развој на транзитниот туризам особено на крајбрежниот појас на езерото Младост со доградба на комуналната инфраструктура и отварање на локации за угостителски и друг вид на забавни и спортски објекти.

Потоа ќе вложиме во создавање на услови на винскиот туризам и се разбира со низа зафати за ревитализација на старата велешка архитектура и други проекти ќе овозможиме во Велес да може да се развива многу повеќе одколку досега и културниот туризам посебно црковниот и манастирскиот туризам а перспективно се разбира културниот туризам и селскиот туризам.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »