речник контакт

Коцевски vs. Чадиев, за Велес

Како ќе се решаваат проблемите кои ги засегаат граѓаните, дивоградбите на Бабуна, узурпацијата на јавните површини од кафитериите, времените објекти? како до колектор и пречистителна станица за отпадните води во Вардар?

Петар Печков

Велес има неколку болни прашања, за кои граѓаните на слушнаа каква е Вашата визија за нивно решавање. Тоа се дивоградбите во заштитеното подрачје покрај реката Бабуна, реакциите за времените објекти во градот и бучавата  и узурпирањето на јавниот простор од бројните кафетерии, лоцирани во станбени згради?

 Коцевски:         Сите овие три теми се многу чувствителни, затоа што има спротивставени, засегнати  страни, во зависност кој каде се наоѓа и какви интереси има. Мојот став е дека ќе посредувам да најдеме компромисни  решенија, кои ќе бидат прифатливи и за едната и за другата страна. Секогаш  ќе има незадоволни, но тоа да биде сведено на минимум.

Чадиев:              За сите овие проблеми факт е дека тоа е дел до економското живеење на нашиот град.  Треба да се биде внимателен, не смееме да дозволиме во ова тешко време некого да оставиме без работа и егзистенција,  но и да не  се преземаат чекори кои ќе бидат непопуларни кај граѓаните. Со заемна соработка на сите заинтересирани страни можат да се решат сите проблеми. Ќе бараме решени како да се изведе а  да биде во интерес на сите. Чадиев нема да биде причина некој да остане без работа.

Велес нема пречистителна станица ниту колекторски систем .Како ќе го решавате загадувањето на  реката Вардар, кое за Грците е исто толку важно како и спорот со името?

Чадиев:       За решавање на овој проблем е потребно решение за целото течение на реката Вардар. Тој треба да се решава комплексно. Станува збор за голем проект со финансиска поддршка, за кој треба да се аплицира до ИПА фондовите. Мој гостин беше и евро пратеникот Полсен, кој вети несебична помош за добивање на европски пари. Со проект ќе го решиме освен загадувањето на Вардар и проблемот  на комуналниот отпад.  Помош ќе побараме и од  општините на север од Република Грција, бидејќи тоа е заедничко прашање.

Коцевски:       Ова е за жал точна констатација и уште во мојот претходен мандат во Солун разговаравме со Грците  за овој сериозен проблем.  Доколку тие се навистина сериозно загрижени, очекувам дека заедно ќе влечеме средства од  претпристапните фондови на ЕУ, оти тоа е скапа инвестиција, само за Велес околу 15 милиони евра. Општината нема толкав буџет да го реши, оти навистина Вардар го загадува Солунското пристаниште и Егејското море.

За Коцевски:  Како ќе се обезбедите да не ви се повтори 2009-тата, кога по водството во првиот круг од три илјади гласа, загубивте?

Ги анализиравме резултатите, ги видовме критичните места, каде  врз граѓаните може да се изврши притисок и  тие спротивно на нивната волја  да гласаат, каде има можност за изборни манипулации. Видовме каде нашите членови на ИО и контролори не работеле добро, ќе ставиме таму поодговорни лица. Власта игра уште пожестоко и во овој втор круг. Пола Влада мина низ Велес овие неколку дена,  а во четири години не дојдоа ниту еднаш. Сега доаѓаат   во работно време  водат партиска кампања, со пари на даночните обврзници. Изборите ги претворија  во гладијаторска борба на се или ништо, на живот или смрт.  Наспроти тоа изборите треба да бидат еден убав свечен чин, кога граѓаните треба да излезат мирно и достоинствено да го дадат својот глас.

За Чадиев: Во првиот круг имавте помалку гласови од противкандидатот, но помалку и од Вашата советничка листата. Како ќе ја вратите таа негатива?

Во вториот круг тргнуваме од нула и таа негатива, за која зборувате убеден сум дека ќе ја анулираме. Очекувам убедлива победа во вториот круг. Знаете дека добив поддршка и од тројцата мои противкандидати во првиот круг Спасов од СДУ, Петровска од СДПМ и од Мишков од Титовите леви сили, поддршка од ДОМ.  Расположението на граѓаните е евидентно на страната на ВМРО-ДПМНЕ и по победата на Советот, реално е и градоначалникот да биде од истата партија.  Разликата од илјада гласови е мала за достигнување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »