речник контакт

Коцевски бара во Велес да се продолжи со земање брисеви за ковид-19 иако од утре Хигиенски се затвора

Во просторот на голем продажен објект имало шест случаи на позитивни со ковид-19. Во саботата се извршило испитување на 37 вработени лица од објектот брисевите покажале дена нема ниту еден болен од нив

Петар Печков

Од  утре вторник,  до понатаму Центарот за Јавно здравје во Велес  ќе биде затворен, а вработените дома. Ова доаѓа откако тројца вработени беа позитивни на КОВИД-19,  па градот  со 51 активен случај на пациенти со коронавирус, останува без можност за земање на брисеви од сомнителни случаи.

Во оваа здравствена институција има регистрирано три случаи на позитивни на КОВИД-19, двајца здравствени работници и еден административец.  За ваквата состојба реагираше градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, кој бар од надлежните да најдат решение. 

Велес не смее да биде оставен без земање на брисеви. Како локална власт обезбедивме посебна зграда, поранешното ОУ Јорадан Хаџи Констатнинов Џинот каде се извршуваше оваа постапка.  Просторот не е  спорен, спорно е што вработените од Центарот за Јавно здравје Велес, не смеат тоа да го работат, ќе бидат во карантин. Значи ќе треба некои други мобилни екипи  во тој простор, кој им е на располагање, да земаат брисеви, за да се изработат тестови – кажа градоначалникот Коцевски. 

Тој реагирал и до Централниот кризен штаб, во случајот со голем продажен објект, каде имало повеќе случаи на лица позитивни на КОВИД-19.

Побарав стручните комисии да направат стручна проценка, дали има потеба за затворање на објектот или не. Добив одговор дека засега не е потребно. Таму се заразени шест лица од две различни компании кои го  користат просторот од продажниот објект. Има заразени членови на семејствата на лицата таму вработени.  Во саботата се изврши испитување на 37 вработени лица и брисевите покажаа дена нема ниту еден болен од нив – изјави Коцевски.  

Од Државниот санитарен и здравствен инсепкторат најавуваат дека од утре вторник,   сите вработени во маркетот ќе бидат заменети со целосно нов персонал, а во објектот ќе се изврши и механичко чистење. Првиот случај на коронавирус од овој обејкт е регистриран кај лице, кое било на погреб во Куманово

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »