речник контакт

Кочанчанец џепчија ги ограбувал велешани на пазар

Кочанчанец џепчија ,,оперирал,, по велешкиот Градски пазар каде ограбил четири лица

Петар Печков


Секторот за внатрешни работи Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето Б.З. (59) од Кочани, поради основано сомнение дека сторил четири кривични дела „ кражба„ , стекнувајќи се со противправна имотна корист во висина од околу 85.000 денари.

На 07.05.2010 година пријавениот дошол до градскиот пазар во Велес, и искористувајќи го невниманието на лицето Р.Ш. од задниот џеб од пантолоните му одзел 450 евра во разни апоени и без да биде забележан од никого заминал во непознат правец.

На 24.09.2010 година пријавениот движејќи се низ долниот дел на градскиот пазар во Велес дошол до една од тезгите каде што стоело лицето А.А. и искористувајќи го неговото невнимание се поттурнал во него и од џебот му одзел паричник во кој имало 12 000 денари, лични документи и кредитни картички.

Потоа, на 05.10.2010 година движејќи се низ долниот дел од градскиот пазар во Велес, дошол до лицето Т.Н. кој во моментот пазарувал од една од тезгите и искористувајќи го неговото невнимание од задниот џеб од пантолоните му одзел паричник во кој имало 14 000 денари.

Десет дена подоцна од истата локација (велешкиот градски пазар) пријавениот дошол до една од тезгите каде пазарувало лицето З.П. и повторно искористувајќи го неговото невнимание од десниот страничен џеб му одзел 31 000 денари.

Во просториите на ПС Велес е извршен разговор со него и од страна на оштетените извршено е негово препознавање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »