речник контакт

Кошаркарите на Борец влегоа во Втора лига, тие се правци на Третата

И ракометарите на Борец со висок пласман, фудбалерите на дното

Петар Печков

Кошаркарите на Баскет Борец се второлигаши иако загубија во Струга од екипата на Црн Дрим со високи 76: 54.  Така се создаде вистински метеж на врвот од Третата лига  каде четири екипи  имаа ист број бодови 17, па решаваше кош количникот. Така Борец Баскет е прв а екипата на Црн Дрим е втора и тие се новите членови на Втората лига, екипите на Михајловски и Баскет Дино извисија. Честитки за младите велешки кошаркари.

Ракометарите на Борец на домашен терен ја победија екипата на Битола со 32:25, полувреме 17:12. Тие на три кола пред крајот се во игра за второто место кое носи разигрување за влез во Супер лигата. Ова откако пролетниот дел  младите велешки ракометари, немаат пораз во оваа конкуренција  Женската екипа на Борец  пак загуби дома од Таста 107 со 21:23 иако на полувреме имаше предност од 15:11.  

Футсал Велес – Црна река 5:7  куп четврт-финале. Иако пред седум дена велешани во првенствен натпревар славеа, сега по една седмица загубија од истиот противник од Кавадарци  и се елиминирани од куп натпреварите.


Женсакта екипа победи на гостувањето во Куманово. Победа  – Борец 2:5. По 17 кола ЖФК Борец е 5-ти со 28 бода од 15 натпревари

Фудбалерите на Борец загубија во Струмица од Тиверија со 2:1 и повторно се претпоследни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »