речник контакт

Кошаркарите на КК Борец баскет со пресврт до втора победа во Втората лига

Второ коло,втор пораз за одбојкарите на ГОК Борец вцо Прва лига, победа за ракометарите на РК Бисинов и пораз за МРК Борец. Три порази и една победа за пингпонгарите на ППК Борец ТИМ од Првата лига

Петар Печков

Во второто коло од Првата одбојкарска лига екипата на ГОК Борец забележа втор пораз и повторно максимален. Загуби дома со 0:3 од екипата на ОК Лирија. Во следното коло гостува кај ОК Сушево, струмичко.

Во четвртото коло од Втората кошаркарска лига, екипата на КК Борец баскет дома , во салата Гемиџии победи со 85:76 над екипата на КК Водно санс, која имаше три победи во три кола. Иако во првото полувреме гостите водеа , велешани во последната четвртина се вратија во игра и славеа.  Во следното коло гостуваат во Скпје, на екипта ана МЗТ Скопје УНИ банка, која ист скор како велешани по две победи и порази.

Се одигра последното коло од првиот круг на Првата ракометна лига. Група „Б“ РК Бисинов - РК Партизан 45:30 (22:18) По шест кола е прв со шест победи. Во следното коло екипата е слободна.  Во групата „Б“ РК Јехона - МРК Борец  48:21 (24:9) по седум кола последен следно коло со РК Драчево во гости. и РК Драчево и РК Јехона се во групата со екипи со по пет победи го делат второто место

Три  порази  и една победа за пингпонгарите на ППКБорец ТИМ во 4, 5, 6 и 7  коло од Првата лига. Загубија  со 2:4 од  последно пласираниот Телком нец,   1:4 од составот на Прилеп кој како и велешани имаше две победи во првите три кола и со ист резултата 1:4 од составот на Берово 2 кој имаше една победа и два порази. Велешани победија со 4:1 над Рисови кој забележа две победи и еден пораз досега во првенството. Последните две кола се играат на 12 ноември кога ППК Борец ТИМ игра со Прилеп кој забележи 4 победи и три порази  и Астраион од Струмица, лидерот на табелата кој досега нема пораз.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »