речник контакт

Кој го фати крстот на Водици во Велес

Кој го фати крстот на Водици во Велес и како овој чин можеше да биде прекинат

Петар Печков

Дваесет и шестгодишниот Дејан Колодезни го фати крстот на Водици, на световниот празник Богојавление. Тој беше најумешен помеѓу четириесетината храбри велешани кои скокнаа по крстот во водите на реката Вардар.
 \"\"

Колодезни претходно во 2003-тата исто така успеа да го фати крстот и годинава тоа го стори по втор пат. Тој доби подарок од Повардарската Епархија златен крст, од Градоначалникот уметничка слика, од ЈКП Дервен телевизор, од Снупи двд, како и повеќе други подароци од други донатори.
 \"\"

На овој чин, кој се изврши од Мало мовче присутвуваа неколку илјади верници и граѓани. Но малку требаше истиот да биде прекинат, како реакција од свештенството поради недоличното однесување на дел од учесниците, кои нетрпеливи да се случи чинот, упатија свирежи кон свештениците на Повардарската Епархија.

\"\"

- Група младинци за жал недолично се однесуваа, со свирежи и пцовки упатени кон нас. Несакајќи да ја прекинуваме богослужбата, го поднесовме овој срам. Немаме оправдување за овој чин, на крштевањето на Христос, пукавме директно во него. Ова нека биде последна година со вакво однесување - изјави Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарскта Епархија.

\"\"

Тој на Дејан Колодезни му посака здравје и му предаде железен крст, со кој тој наредните 40 дена ќе оди по домовите на велешани, кои пак ќе го даруваат со пари. Дејан во името на сите што скокнаа по крстот во Вардар, се извини на Владиката за лошото однесување на дел од тие што скокнаа.

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »