речник контакт

Кој е разбојникот што сакаше да ја ограби менувачницата во Трговски

Наместо во затворот од Штип од каде е избеган, оди во притвор во Шутка

Петар Печков

Мерка притвор од 30 дена му е одредена на осомничениот во понеделничкиот  обид за разбојништво  на менувачница во Велес.Нему велешката полиција му поднесе три кривични пријави : за разбојништво во обид, предизвикување општа опасност и нелегално поседување на оружје.  

По барање на обвинителството, да не ги повтори делата и да не се даде во бегство,  осомничениот е во истражен во Шутка.   Сторителот  е во  бегство од затворот во Штип, каде се наоѓа на издржување на  15 годишна затворска казна за сторени вакви и слични кривични дела. Меѓу нив и за разбојништво на бензинска  во Велес. Полицијата не ги соопштува иницијалите на разбојникот, но познати се повеќе моменти. 

Разбојникот бил пуштен на викенд за Илинден и на трети август требало да се врати во затворот во Штип. Тој тоа не го сторил и се води дека е во бегство.  Осомничениот  беше фатен од тројца храбри велешани, кои потрчале по него и го  фатиле, откако тој неуспешно се обидел да ја ограби менувачницата. Но иста така храбар и смел гест направил вработениот, кој откако му била вперена автоматска пушка,се фрлил во борба со напаѓачот, при што тој истрелал два куршуми кои завршиле во ѕидот на просторијата.

Откако  истрчал надвор, повторно вработениот започнал борба со разбојникот, при што дури и му ја одзел рамката од пушката, а ранецот и Автоматската пушка 7,62 мм ( не клашников како што пишуваа некои медиуми) паднале на оградата во приземјето. Претходно разбојникот испукал повторно два куршуми и тоа кон многумнина велешани кои биле на спротивната страна од улицата , по што еден куршим завршил во предното тркало од паркиран автомобил.   Гледајќи ја оваа борба тројца велешани од нив   двајца пензионирани полицајци, се дале во трк и го фатиле сторителот.

Едниот трчал по него по ходникот, другиот  го сочекал од задната страна на Трговскиот а третиот му се фрлил додека бега.   Полицијата сега преку вештачење на МВР ќе истражува дали од истата пушка е пукано и при разбојништвото на Бензинската пумпа ,,Башино петрол, пред седум дена, кога беа одземени 40 илјади денари а едниот до двајцата сторители, кои биле идентично маскирани како и во понеделникот, пукал во мониторот од компјутерот, кога се видел на видео камерата, но таа останала недопрена.

Познавачите велат дека сторителот очигледно не е во тек со новините во компјутерската технологија, и тоа е гест на човек кој не ги знае новините и е отсутен од тековното, редовно живеење.

Дали истиот разбојник стои и на украдените 61 мини лап топ од ОУ Св. Кирил и Методиј, кои немаат голема вредност на пазарот и работат само со одредена програма, не се за широка популација  и потрошувачка, ќе покаже истграгата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »