речник контакт

Кој е Зоран Т. кој се самоуби откако ја застрела девојката

СВР Велес со официјална информација за вчерашниот настан

Петар Печков

СВР Велес со официјална информација за вчерашниот настан, кој заврши трагично по лицето за кое се сомнева дека ја застрелало и натепало девојката, со која живееле во вонбрачна заедница.

„Кај 25-годишна жена  екипа на итната помош констатирала  повреди на телото и прострелна рана од огнено оружје нанесени од нејзиниот невенчан сопруг 3.Т.(38 год). Таа била   пренесена  на хирургија од велешка болница па префрлена  во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле 3.Т. во стан на ул.,,Андон Шурков“ во Велес со прострелна рана од огнено оружје“- информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес

Екипа од Итна медицинска помош Велес констатирала смрт кај лицето, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот З.Т. било дадено на обдукција.  Увид извршила екипа од СВР Велес.

Лицето кое се застрела, Зоран Тодоровски  на 5 декември 2008 година го застрела својот брат. За тоа доби 13 години затвор кој ги одлежа.  

Здравствената состојба на повредената девојка згрижена на Клинички, според медиумите од Скопје, била стабилна.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »