речник контакт

Кој е инспирацијата за Џемс Бонд 007

Како јунак на роман и филм, Вилијам Стивенсон имал импресивна кариера

Петар Печков

Во реалноста постоеле повеќе луѓе кои послужиле како инспирација за ликот на агентот 007, но најпознат бил Вилијам Стивенсон. Во 1940 година британскиот премиер Винстон Черчил го испратил Вилијам, својот најдобар шпион во Њујорк, со задача да ги натера САД да влезат во војната - по секоја цена. 

Морнарот-предавник, инспирациЈа за авторот на агентот 007 

Вилијам Стивенсон бил вџашен. Неговите луѓе само што го фатиле сигналот на тајната нацистичка радиостаница во Њујорк. Како што дознал, еден морнар, во замена за пари, на нацистите им ги открил главните патишта на бродовите, кои преку Атлантикот транспортирале оружје од САД и така ги направил лесен плен за германските подморници. 

Стивенсон набрзо го открил местото на престој на предавникот. Одлучно ја напуштил канцеларијата во њујоршкиот „Рокфелер центар“, седиштето на Британската координација за безбедност, прикриена филијала на Британската тајна разузнавачка служба. 

Кога се вратил во глува доба, агентот на ФБИ, кој исто така водел истрага, му рекол: „Овој предавник треба да се убие“, на што Стивенсон му одговорил: „Веќе извршено“. Американскиот шпион помислил дека се работи за шега, но морнарот подоцна бил пронајден мртов во еден подрум.

Приказната која се случила меѓу јули 1940 и декември 1941 година ја пренел Јан Флеминг, авторот на легендарниот Џејмс Бонд. Наводно ја слушнал од Едгар Хувер, шефот на ФБИ. Стивенсон оставил силен впечаток кај идниот писател. Како што рекол во 1962 година за „Сандеј тајмс“, Џејмс Бонд е „разубавена верзија“ на агент, додека Стивенсон е „вистински“.

Флеминг го запознал својот идол во Втората светска војна, во својство на офицер за врски во британската морнаричка разузнавачка служба. Покрај другите агенти, Стивенсон послужил како урнек за ликот на Џејмс Бонд. 

Германски заробеник, побегнал од логор 

Како јунак на роман и филм, Вилијам Стивенсон имал импресивна кариера. Роден во 1896 година, во британскиот доминион Канада, тој уште во Првата светска војна се борел против Германците во Франција, како пешадиец, а потоа и како борбен пилот. Кога Французите по грешка му го собориле авионот, Стивенсон паднал во германско заробеништво. При бегството од логорот во октомври 1918 година, украл модерен отворач за конзерви, кој подоцна го патентирал и се збогатил на него. 

Во 1942 година отпатувал во Берлин, каде што во една продавница пронашол примерок од германска машина за шифрирање, „енигма“ и ја предал на британската разузнавачка служба. И во Втората светска војна бил врбуван и го испратиле на важна мисија. 

На 21 јуни 1940 година, Стивенсон, чие конспиративно име било „Интерпејд“ (Бестрашен), стигнал во Њујорк. Бидејќи Велика Британија како единствена европска сила давала отпор на Хитлеровата војска, Стивенсон требало со сите расположливи средства да ги натера САД во војна на страната на Британија. 

Агентот забрзано почнал да регрутира луѓе, така што на крајот на војната за него работеле 3.000 мажи и жени, во САД, Канада и на Карибите. Американскиот претседател Франклин Рузвелт не само што бил известен за мисијата, туку и му помагал колку што можел. Шефот на ФБИ, Хувер, добил упатство незабележливо да му дава поддршка на БСЦ. 

На 7 декември 1941 година, Вилијам Стивенсон конечно ја постигнал својата цел - со помош на Јапонците. Тој ден, Јапонската воена морнарица без предупредување ја нападнала американската база во Перл Харбор, на Хаваите. Четири дена подоцна, Хитлер им објавил војна на САД. Американците тогаш и официјално станале британски сојузници. 

Стивенсон останал во Њујорк и учествувал во основањето на ОСС, претходничката на ЦИА. Поради своите заслуги бил прогласен за витез, а подоцна се повлекол на Бермудските Острови

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »