речник контакт

Кој и зошто краде од шљаката на депонијата кај Топилница

Украдени се 2 тони шљака, некогашен нус-производ од работата на Топилницата, кој сега се наоѓа депониран на депонијата од блискиот рид.

Петар Печков

 

Настанот се случил во вторникот ноќта а крадецот , кој шљаката ја товарил на камион кипер, невнимателно истата, при транспортот ја сеел по градските улици во должина од еден километар.

За овој еко-инцидент и кражба информирани се велешката полиција и еколошкиот инспектор, кои го бараат сторителот. Ваквата шљака, според познавачите е богата со олово и цинк и е неупотреблива, освен ако не се преработи со висока технологија да се издвојат овие тешки метали и се препродадат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »