Петар Печков
Објавено: петок, 07 февруари 2025
Објавени се резултатите од годишните програми на Министерството за кулура. Што добија велешките институции или автори за 2025 година.
Забележливо е дека тие што добиваат добиле годинава повеќе од ланските години. Нациоанлните институции Велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“, НУ Стоби се должни висината на средствата кои ќе ги добијaт како маса, вкупно да ги објават на нивните веб страни, со проектите кои планираат да ги изведат гопдианва. Истото се однесува и на НУ Конзерваторски центар на Македонија, кој можеби ќе реализира нешто и во велешко.
Рацинови средби 612.000
Интернационален фолклорен фестивал 400.000
5ре театарски фестивал 408.000
Фестивал на џез, ворлд, современа музика 220.000
Детски Рацинови средби 204.000
По 12 години конкурирање средства доби детскиот хор Св. Кирил и Методиј. За концерт на „Децата низ боите на музиката“ 80.000 денари а за учество на 52. Меѓународен фестивал на песни во Оломоуч, Чешка 240.000.
Ансамбл КЕРАМИЧАР за годишниот концерт 156.000, а за учество на Меѓународниот фолклорен фестивал „Црноморски бисери“ во Сончев брег, Бугарија 153.000.
Од локалните културни институции градската библиотека „Гоце Делчев“за набавка на монографски публикации за одделот за возрасни 100.000, за набавка на монографски публикации за одделот за деца 100.000, за лето во библиотека 36.210 и полица за секоја книга 40.800.
Народен музеј од Велес за Memento Vivere - изложба на камени споменици од збирката на Народниот музеј - Велес 102.000 денари, за конзервација на предмети од керамика од античката збирка на Народниот музеј - Велес (Теќе, с. Отовица, Градиште/Циглана - Неготино, непознати локалитети) - II фаза 102.000, Археолошко истражување на локалитетот Кале - Згрополци 219.000
Добиени се средства за изложби. „Развој на идустрискиот дизајн во фабриката Борис Кидрич Порцеланка, 1954-1992“ АРТИФАКТ 159.000. Изложба на Трајче Чатмов „Религија, митологија, слободна мисал“ 127.500, изложба „Вертикални форми на населување на градот Велес“ 51.000 на Марија Петрова, како и 100.000 денари за Ангел Коруновски за реализација на изложбата „Летаргија“ во Македонскиота културен центар Њујрок САД.
За издавачка дејност, „Не ми е стр(а)в“, Снежана Петрова Џамбазовска е финансиски поддржан со 90.000, „Преплетувања“ на Васил Тоциновски 120.000 денари, „Кротењето на крилатите коњи“ од Сашо Димоски 130.000, Атанас Крлевски „На кркуш“ афоризми со 102.000, „Memento Mori“ на Анде Јанков 120.000, Јулијана Жабева-Папазова за Компаративна анализа на алтернативната рок-сцена во Скопје и во Братислава, Словачка 69.600 а Друштво за производство, трговија и услуги ЗБОР - ИЗДАВАЧКА КУЌА ДООЕЛ Велес за објавување на романот „Смртта на господин Даглас“, Кристи Гоб 100.000 денари.
Стрип центар добива за меѓународниот стрип салон 61.200 а за стрип колонијата 204.000 денари. Тие добиваат и за две нивни изданија, списанието „Македонски стрип алманах бр. 8“ 120.600 и списанието „Стрип креатор“ бр. 38 и 39 со 115.200.
Здружение на СЛЕПИ ЛИЦА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС Велес за издавање на Брајова книга „Египетска сонувалка“ од Божин Павловски 170.000.
Томе Трајков од Велес Учество на Меѓународниот фестивал на стрип и анимиран филм „Супертјун“ ("Supertoon") во Шибеник, Хрватска 24.200 денари.
Средства за концерт во Велес добива и Трио академико.
Tweet |