речник контакт

Кој кога на училиште в четврток, 1 септември

Распоредот за првиот училиштен ден

Петар Печков

Од четврток 1 септември  започнува  наставата од новата учебна  година 2022/23. Еве го распоредот за првиот училиштен ден

Во ОУ„Васил Главинов“ прва смена, од  7  часот, се учениците од прво одделение, како и второ,  четврто,  шесто и  осмо одделение. Од  13 часот  започнува наставата за учениците трето, петто, седмо и деветто одделение.  Во подрачното училиште во Превалец наставата започнува во 7 часот.  

ОУ„Блаже Конески“,   прва смена, од 7,30 часот, се учениците од прво до четврто одделение, шесто, и осмо како и две паралелки од петто -V/1 и V/2. Во попладневната смена од 13 ч. се преостанати две паралелки  V/3 и V/4 и учениците од  седмо и деветто одделение.

ОУ Св. Кирил и Методиј, прва смена од 7,30ч. се учениците од второ, петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение,како и две паралелки од трето одделение -III/2 и III.3. Прво одделение, првиот работен ден  започнуваат од 9 ч. Попладне од 13ч. се учениците од четврто одделение и III/1.  Наставата  во подрачното во село Црквино започнува во 8ч.

ОУ„Панко Брашнаров“ 7,30 часот  сите ученици од прво од петто одделение. Во попладневната смена  од 13:30 ч. се   учениците од шесто до деветто одделение. Во подрачните во Башино село,  Караслари и во  Чолошево започнуваат со настава од 7,30ч

ОУ Лирија Бузалково  од 7 ч. се учениците од шесто до деветто одделение, додека  попладне од 13ч. се учениците од прво до петто. Во подрачните училишта во Сливник и Клуковец наставата започнува од 8ч. со тоа што во Клуковец наставата попладне започнува  од 13 ч.

ОУ Рајко Жинзифов Горно Оризари сите ученици од прво до деветто започнуваат со настава од 8 часот.

ОУ Стојан Бурчевски  Буридан Иванковци прва смена од  7,30 од прво до петто одделение, од 12ч. од шесто до деветто одделение. Во подрачните училишта во Сујаклари, Мамутчево и Отовица наставата започнува во 7,30.

    Средните училишта:
Гимназија  Кочо Рацин со почеток во   7,15ч
Хемиска ,,Димитрија Чуповски,, во 13.30ч.
Економска ,,Јовче Тесличков,, во 7,15ч
Коле Неделковски  прва и трета година во 7,15ч.  втора и четврта  од 13,30

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »