речник контакт

Кој признава половина му се простува, не важи за признание на вина на обвинет во полициски час

Надевајќи се дека тоа ќе биде олеснителна околност, велешанецот доби иста казна како и претходно

Петар Печков

Велешанец се жалел на пресудата  на Основен суд Велес, со која е прогласен за виновен оти се движел во време на полициски час. Тој  надевајќи се дека со признание на вина како што во другите судски предмети се случува, ќе добие поблага казна, поднел приговор. Но судот одлучил и по приговорот да му изрече иста казна од 800 евра.

Обвинетиот ја признал вината, како  олеснителна околност пред судијата, но  му е изречена истата казна како и претходно.  Тој е еден од  84-те лица, на  кои во периодот од 30-ти март до 18-ти мај  се прогласени за виновни за кривичното дело  „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ во Основен суд Велес. Од нив седум лица поднеле приговори.

Претходно друг обвинет, поднел приговор, пред судијата кажал дека живеел близу до дома, на местото каде е сопрен а на судењето му беше изречена поголема парична казна. Тој наместо 800 доби илјада евра казна. Во еден случај  Основен суд  наместо парична досуди условна осуда, така што утврдената казна затвор во траење од 3 месеци, нема да се извршува доколку обвинетиот во време од една  година не стори ново кривично дело.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »