речник контакт

Кој се Дедо Мразовците, тресери, кои подаруваа по градот

Баже, Стојанче и Филип на овој начин го популаризираат спортот паркур

Петар Печков

Вудео клипот кој деновиве за велешани е голем хит, го привлече вниманието за група млади велешани, кои решија да ја вратат насмевката кај  дел од децата но ни нивните  блиски, родители и баби или дедовци.  Изведувајќи ги нивните тресер вежби, тие на случајните минувачи, облечени како Дедо Мраз поделија по чоколадо. И за малку  им ја вратија насмевката на нивните лица.   ТРМР ви ги открива кои се овие млади, кои се бават со несекојдневен спорт паркур.

Тимот S.T.G се состои од три членови од  Баже Натов, Стојанче Наумов и Филип Петковски,  Баже  има 18, Стојанче 22 и Филип 16 години. Стојанче е студент на Технички Факултет во Велес, Баже ученик во СОУ Коле Неделковски а Филип ученик на Гимназија Кочо Рацин.

 Мотивот за видеото беше да ги израдуваме малите дечиња во текот на новогодишните празници,  а воедно  да ги запознаеме подобро за овој спорт. Тој  се нарекува Parkour  и  е активност чија што цел е движење од една до друга точка што е можно по ефикасно и по брзо користејќи воглавно способностите на човечкото тело. По касно во спортот се вклопува и -Freerun кој е поинтересен за изглед затоа што во него има салта и слични работи поврзани со гимнастиката  - објаснуваат младите велешани.  Тие сами, од сопствениот џепарлак ги купија чоколадите. 

Нивните желби и планови се скроми, да го  рашират овој  спортот во Македонија и затоа организираат собири на кој се дружат и разменуваат знаења. Последниот собир бил во Скопје и било  забавно и интересно.

Спортуваме насекаде во градот каде што има пречки што  предизвикуваат да ги совладаме како на пр-Младински Парк, Трговски, Судот, Големиот Парк, Уред- велат тресерите,  S.T.G е кратенка која значи Street Tracer Group или Улична Трасерска Група, затоа што сите што го тренираат овој спорт се нарекуваат ТРАСЕРИ.

 а еве го и клипот:

https://www.youtube.com/watch?v=qmp0TgLW7Ks

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »