речник контакт

Кој се од Велес и за што доби финансиска поддршка од Министерство за култура за годишните проекти за 2024 година

Средства добија Рациновите средби, Фолклорниот фестивал Фестивалот Стоби

Петар Печков

Министерството за култура ги објави резултатите од годишната програма за култура, кои ќе бидат финансиски поддржани.

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ доби средства за две претстави  „Остап Бендер“ (работен наслов) - на авторот Александар Секулов,  во режија Диана Добрева 1.200.000 и се работи во копродукција со театарот од Пловдив, Бугарија.   Втора претстава, со толку  и театарот  конкурираше, е „Рацин“ - поетска трагедија, според песни од Кочо Рацин а во  режија Дејан Пројковски доби  1.010.000 денари.  

Велешкиот театар за одржување на меѓународната соработка „Наши денови“ гостување во Нови Сад и Белград  доби 200.000  а за гостување во Пловдив преку проектот Манифест  300.000 денари.

НУ Центар за култура „Јордан Хaџи  Константинов  Џинот“ од Велес како организатор на Интернационалениот фестивал на античка драма „СТОБИ“  доби 600.000 денари.

Здружение на граѓани ПЛУС ПУБЛИКА од Велес за Меѓународната манифестација „Рацинови средби“ доби  83.291 денари.

Националната установа Стоби  доби средства за реализација на  повеќе  проекти.  Конзервација, реставрација и доистражување на Јужен градски бедем Стоби  600.000. Изработка на основен проект за конзервација, реставрација, и презентација на античка синагога  35.000. Изработка на основен проект за конзервација, реставрација на плоштад пред Јужна прота 30.000,  тековно одржување и партерно уредување  на локалитет Стоби 800.000, конзервација, реставрација и доистражување на градбата со арки 500.000, конзервација, реставрација и доистражување на Римскиот театар  600.000, конзервација, реставрација и доистражување на Епископска базилика 400.000, изработка на основен проект за конзервација на куќата на Партениј  100.000, реализација на основен проект за конзервација на остатоци од резиденцијален и комерцијален кварт  на рановизантиско Стоби 400.000, археолошко доистражување  на изработка на основен проект за конзервација на објекти од резиденцијален и комерцијален кварт  на рановизантиско Стоби  100.000, основен проект за конзервација и реставрација  на керамика и стакло од збирката во Стоби  100.000, работилница за конзерваториски материјали во Стоби  80.000 денари.

Народниот музеј Велес доби средства за следните  проекти:  геоскенирање на археолошки локалитет Кале село Отовица - акропола 126.500, заштита на музејски материјал монети од нумизматичка збирка  161.000, стручни увиди во состојбата на евидентираните археолошки локалитети на територијата на Општина Велес  65,700,  конзервација на предмети од керамика и античка збирка Теќе-Отовица, Градиште, Циглана  126.000.

Народниот музеј доби средства и за следните изложби - јубилејна изложба „70 години од смртта на Димитрие Андонов Папрадишки““ 117.300, самостојна изложба на слики од Стефан Хаџи Николов 59,400 самостојна изложба на дела од Лазе Трипков  45.900, изложба на фотографии од  дела на Крсте Зограф 84.000.  Академскиот скулптор  Ангел Коруновски за  самостојна ликовна изложба која ќе се одржи во Скопје - „Летаргија“  доби  59.400 денари.

Градската библиотека доби средства  за проектите: Лето во библиотека 20.100,  аудио книгите достапни до читателите 25.200 и  полица за секоја книга 30.000 денари.

СТРИП ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА  со седиште во Велес  за организација на  Меѓународен салон на стрип „Велес 2024“  и  Меѓународна стрип- колонија  79.200 денари. За  стрип-книга  „Кико и Веки во нова авантура“ од Јордан Манасијески 107.057 за  „АЛМАНАХ 2024“ 107. 057 за стрип -списание „Креатор“ бр. 35 и 36  -91.763 денари.  За стрип- книгата „Волшебни квадратчиња“ од Ања Тановиќ  58.283 за стрип- книга „Илинден 1903 – Борбата на слива“ и „Христо Узунов“ 68.568,  за  Стрип- книга „Историски стрипови“ од Коле Манев 58.283 денари.  Томе Трајков  за учество на стрип- фестивалот „Ужички стрип- сусрети“ во Ужице, Србија 11.700 денари.

За конзерваториско реставраторски работи на иконостасот од црквата СВ. Спас во село Ногаевци Градско НУ Национален конзерваториски центар Скопје   доби - 60.000 денари. НКЦ Скопје доби и 1,2 милиони денари за конзервација, санација и реставрација на куќата на Апасиеви во Велес.

Друштво за производство, трговија и услуги ЗБОР - ИЗДАВАЧКА КУЌА ДООЕЛ Велес за објавување на книгата  „Мирис на камилица и ментол“ од Симона Арсовска 58.283 а за објавување на стихозбирката „Меѓу копнежот и сонот“ од Соња Карбева  58.283.

За „туристички објектив“ на Торос филм студио од Велес доделени му се   96.000 денари.

Ансамбл Керамичар за 70 години јубилеен концерт  180.000 а Општина Велес за  Фолклорен фестивал Велес  296.400 денари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »