речник контакт

Кој ќе ги спроведува изборите во Велес

Именувани Општинските изборни комисии и за Чашка и Градско.

Петар Печков

За претседател  на ОИК во Велес избрана е Васка лефкова од Бирото за развој на образованието а нејзин заменик е Љупче Андреевски од Општина Велес.

За членови на ОИК се избрани: Силвана Андовска од Министерството за земјоделие,Милан Филипов  и Александра Анѓелова од Министерство за транспорт и врски и Васка Коциќ од Бирото за развој на образованието. Нивни заменици се; Аритиа Тутаркова од МИнистерството за шумарство, Силвана Ончева од Општина Велес, Виктор Наковски од министерството за земјоделие и Татјана Тодорова од министерството за земоделие.

Именувана е и ОИК за општина Чашка, каде за претседател е избрана Бојанка Мирова од локалната самоупрва на Чашка а нејзин заменик е Селјадин вработен во Министерството за финансии.

Членови се Лазар Андов и Сами Синани од МИнистерството за земјоделие, Марјан Јованвоски од општина Чашка и Саиме Дардишта вработен во Секретеријатот за спроведување на рамковниот договор. Нивни заменици се: Мерита Ќулафку од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор,   Зорица Ристова од Бирото за развој на образованието, Јадранка Стефкова до општина Велес и Силвија Јаневска од Републички судски совет.

Избрана е и ОИК на општина Градско, чиј претседател е  Ацо Атанасов од локалната самоуправа на Градско  а  негов заменик е Ванчо Тасков од Министерството за земјоделие.

Членови се Роберт Бешовски и Виолета Малчева од општина Градско, Гоце Серафимовски од Генералниот секретеријата на Владата на Република Македонија, Дане Петрушевски од Министерството за земјоделие. Нивни заменици се: Маја Анастасовска од општина Чашка, Тијана Маневска од Министерството за транспорт и врски, Катерина Ѓоргиева од Бирото за јавни набавки и Ацо Здравевски од општина Градско.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »