речник контакт

Коњ од старо железо како уметност

Дело на велешаните Димитар Пановски Глигор Митевски

Петар Печков

Во дворот на улица Белградска дваесет и некој се наоѓа  коњ, создаден  од старо железо. Тој е вистинска уметност, создаден од рацете на двајца сограѓани Димитар Пановски Глигор Митевски. Коњот е во дворот на семејството Пановски.

 Коњот е од рециклиран материјал, старо железо од кај Дине. Го работев заедно со колега, пријател,другар Глигор Митевски. Работевме еден месец. Ова беше моја идеја и замисла. Го работевме еден месец. Ова е сефте вакво нешто да сработиме. Ми претставуваше предизвик да создадам нешто. Уметниците  од Велес кои дојдоа да го видат рекоа дека сме ги погодиле пропорциите и дека коњот е  најтешко дело за создавање. Се помачивме, ама задоволство е кога ќе се види дека трудот се исплатил – објаснува Димитар кој по занимање е молер и додава дека молерајот со  уметноста има допирни точки.

Тој има создаден и мал атомиум, како тој во Брисел но во значително помали димензии. И најавува дека наскоро ќе започне да работи друго дело. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »