речник контакт

Краделе од Интернатот

Велешаката полиција реши два случаи на кражби кои се случиле во средношколскиот интернат. Во еден случј осум пара патики, во вториот пари од чантата на вработена.

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава кон малолетникот М.З. (17) од село Теово општина Чашка, поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело  Кражба.

На ден 15.10.2010 година во 03,00 час. пријавениот влегол во дворот од општинскиот училиштен дом Лазар Лазаревски во Велес, по што се упатил кон прозорците на собите сместени на приземјето од задната страна на интернатската зграда. Со поткачување, одзел осум пара патики сопственост на ученици сместени во интернатот, а кои биле оставени на прозорците од надворешната страна, ги ставил во кеса и избегал.

 Велешката полиција разоткри уште една кражба која се случила во средношколскиот интернат пред половина година. СВР Велес ги товари малолетниците С.С. (16) , Б.А. (16)  и Ф.А. (16) сите од село Горно Јаболчиште општина Чашка, поради основано сомнение дека заедно сториле кривично дело Тешка кражба.

На ден 05.05.2010 година околу 15,00час. пријавените се упатиле во пералната сместена во подрумските простории на општинскиот училиштен дом Лазар Лазаревски во Велес, каде биле сместени  и со употреба на сила ја отвориле заклучената врата. Потоа  влегле во просторијата и од паричникот од чантата сопственост на М.Д. (54) од Велес -вработена во пералната, одзеле 2700 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »