речник контакт

Краделе шини и сообраќајни знаци

Двајца велешани фатени на дело како крадат шини и сообраќајни знаци, за што заработија седум кривични пријави.

Петар Печков

  М.Н. ( 55 год) и С.П. ( 25 год) од Велес од страна на полицијата, минатата седмица на делницата Велес – Богомила кај месноста Долги рид, биле фатени како во автомобил марка ,,Лада,, превезуваат  три метри железнички шини и  сообраќаен знак ,,Андреев крст,, кој се поставува на необезбедени железнички премини.

Полициската истрага подоцна утврдила дека осомничените во три наврата одземале сообраќајни знаци - Андреев крст кој биле поставени, еден на железнички премин пред ветеринарната станица во Велес и два во селата Согле и Бистрица. Двајцата крадци од железничката пруга кај село Теово  во повеќе наврати одзеле вкупно десетина метри шини. 

Истите подоцна ги препродавале како старо железо во откупните центри. СВР  Велес против М.Н (55) од Велес и С.П. (25) од Велес, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека заедно сториле четири кривични дела тешка кражба и три кривични дела загрозување на безбедноста на сообраќајот.

Ова не е прв случај да се крадат шини на Македонски Железници. Во велешко досега  украдени се стотини метри шини во повеќе наврати, а рекордни се 30 метри пронајдени кај две лица во застава 1.300, кој ги однеле од штипската пруга

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »