речник контакт

Крадец одзел возило, за кратко време полицијата го уапсила

Настанот се случил пред работилница на улица „Илинденска“ во центарот на градот

Петар Печков

Крадец украл автомобил, полицијата за кратко време го открила. Настанот се случил пред работилница на улица „Илинденска“ во центарот на Велес.


„На 13 септември во 15.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.П.(22 год) од Велес. Тој се сомничи дека помеѓу 13.45 и 14.45 часот од работилница на ул.„Илинденска“ во Велес одзел патничко возило „југо“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Б.П.(57 год) од Велес. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот“ - информира Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »