речник контакт

Крадец ја украде електричната инсталација од Мало мовче

Десетина дена мовчето е во мрак

Петар Печков

Десетина дена Малото мовче во Велес беше без осветлување. Ова откако крадец подолго време , секојдневно ја крадел електричната инсталација.  Тоа го правел пред очите на минувачите, сечел дел по дел.

За некои илјада денари севкупно,колку што ќе добие во отпадите, направил огромна штета, ја крадел електричната инсталација. Бидејќи кабелот е заштитен во специјален довод, тој го сечел на парчиња. Секојдневно си крадел по метар , до два. Освен тоа ја уништил и разводната кутија, од каде Мостот се снабдува со струја. Кога полицајците го фатиле, тој продолжувал да сече, толку бил дрзок. И не бегал туку  си седел  на мостот и сечел пред нивни очи - велат од фирмата која сега врзи замена на инсталацијата.

Објаснуваат дека ќе им треба неколку дена ова да се заврши, осветлувањето на Мало Мовче да светне, бидејќи работата е макотрпна. Од СВР го потврдија настанот информираа дека крадецот кој е фатен на лице место  е Себо М. (29 год), кој бил регистриран како зависник  и сторител на други кражби.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »