речник контакт

Крадецот кој крадеше што ќе стигне, доби три години затвор (видео)

За пријавените дела украл предмети во вредност од 45 илјади денари

Петар Печков

Миќабил Зекиров (30год), кој беше регистриран како крадец во бројни случаи во велешките продавници, доби затворска казна од три години. За пријавените дела имало штета од 45 илјади денари.

Бројот на кражбите за кои му се судеше  беше поделен во три временски периоди, од  11 -16 октомври 2022 со вкупна вредност на украдените предмети 7,3 илјади денари. За периодот 14 до 28 ноември 2022 , кога украл предмети во вредност од 27 илјади денари. Третиот период е    4  до 26 декември 2022 година, кога украл предмети вредни 11 илјади денари.

При судењето во Основен суд Велес, на Зекиров, кој ги признал сите кражби,  дел од оштетените и не побарале обесштетување, оти бил без никаков имот, не бил примател на никакви средства за живот, живеел сам, немал родители.

На листа што се украл се пари од  велешка Болница,  пари од црква, крадел  од  аптека, од обложувалница, од продавница,  украл вреќа брашно од пекара,  чоколади од бензинска,  парфеми, шампони, јакна, ќебиња, јорган, мобилен телефон, пакети со мастики за жвакање..

Пресудата е правосилна. 

Видео од кражба во месараница

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »