речник контакт

Крадецот кој за седум дена сторил 17 тешки кражби, ќе седне на обвинителна клупа (видео)

За М.З. е определена мерка притвор,за негово присуство на судењето. Осомничен е дека крадел од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти

Петар Печков

Лицето М.З. од Велес, ќе седне на обвинителна клупа, заради серија на тешки кражби. ОЈО Од Велес поднело  Обвинителен предлог против  него, за повеќе продолжени кривични дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик. Делата за кои ќе му се суди во Основен суд Велес, се  реализирани во периодот од 11.10-16.10.2022 година.

„Во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на оштетените лица, на дрзок начин, обвинетиот одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти тој крадел вредни предмети, пари и производи, со што за себе прибавил противправна имотна корист проценета на вкупен износ од 45.337 денари“- соопштија од ОЈО Велес.

Надлежното обвинителство до Основниот суд во Велес доставил и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »