речник контакт

Крадците работат и таму каде не очекуваш

Украден плазма тв од пред кафе бар од улица, соседот украл од комшиите. Инвентивноста на арамиите, нема граница...

Петар Печков

Две невообичаени кражни се случија измиантиот период во градот, информираа од СВР Велес.

На 4-ти октомври од пред  кафе бар Ројал, на Улица Благој Ѓорев,  во два часот по полноќ е украден плазма телевизор. Чудно е што телевизорот бил поставен пред кафичот а кражбата се случила откако во кафе барот имало забава, и голем број гости. Телевизорот бил поставен на метална конструкција. Но и покрај фрекфентноста на улицата и местоположбата на кафе барот, крадците  око ме им трепнало го однеле ТВ. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот(и).


Во втор случај  во куќа на улица Димко Најдов  додека домаќините не биле дома од страна на непознат сторител  извршена е тешка кражба . Сторителот успеал да велзе преку прозор и одзел вкупни 120  илјади денари, што во пари, што во златен  и сребрен накит. По презементи мерки од страна на велешката полиција неколку дена подоцна  пронајден е крадецот. Тоа е Р.Ц. ( 18 год)  кај кого се пронајдени и парите и накитот. Патем крадецот е сосед на ограбените. Против него велешката полиција ќе поднесе соодветна кривична пријава

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »