речник контакт

Кражба во дел од просториите на некогашен синдикат

Насилно е влезено во три простории и одземени се повеќе предмети

Петар Печков

Понеделникот од пладне до вторникот наутро, извршена кражба во просториите од првиот кат во зградата на поранешниот синдикат.  Насилно е влезено во простории на еколошка групација, пензионерско здружение и престорија на пратеник.

„На 12 септември, вторник, во СВР Велес било пријавено дека во периодот од 14.00 часот на 11.09.2023 до 08.30 часот на 12.09.2023 со употреба на сила било влезено во три деловни простории во објектот на поранешно кино „11 Октомври“ на улица „Цар Самуил“ во Велес и биле одземени повеќе предмети“ - информираше Билјана Ѓаковска од СВР Велес.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »