речник контакт

Кражба на железничка опрема утрово на пругата кон Скопје

Патниците на отворена пруга се преместувале во друг воз. Зачестија кражбите по македонските пруги. Идентична кражба се случи пред една седмица на истото место

Петар Печков

Утрово патничкиот воз од Гевгелија за Скопје, непланирано остана на  отворена пруга помеѓу железничка станица Јане Сандански и Драчево, на влезот во Скопје.   На стотината патници им било кажано дека има кражба на железничка опрема, па ќе мора да се преместат во друг воз.   Ова се случило утрово околу 7,15 ч. 

Возниот персонал не замоли да го напуштиме електирчниот воз од Гевгелија, за да се преместиме во патничкиот воз кој е  дизел и доаѓа од Кочани, за Скопје.  Причината бил  кражба на тегови од контактната мрежа, поради која електричните возови не можат да сообраќаат.  По 40-тина минути чекање стигна другиот патнички воз и се упативме до Скопје со исто толку задоцнување  - вели патник од Велес, кој секојдневно е на релација до главниот град, поради работното место. 

Вработени кои патувале во утрово со првиот воз  од Велес за Скопје, исто така електричен, кажаа   ја минал оваа делница околу 6,45 ч. и немало проблеми, така што кражбата е извршена во перидот од следните   90 минути. 

Во последниот период се зачестени кражбите на опрема  па трпи железничкиот сообраќај. Истата кражба,  тогаш информираше МВР,  се случи на 1-ви март, на истата локација помеѓу железничките  станици Драчево и Јане Сандански, со тоа што таа беше ноќно време а последниот воз од Скопје во Велес,кој по ред на возење тргнува во 22,33 во Велес наместо во 23,25  стигнал во 1,10 часот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »