речник контакт

Кражба од дом на велешанец

Штетата околу 30 илјади денари, а украден и пиштол

Петар Печков

Во периодот од први до  петнесети октомври  година  од дома на велешанец украдени се пари, злато и пиштол.  

Според информацијата на СВР настанот се случил   на ул.„Стеван Богоев“,  кога засега непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќата сопственост на Т.А.(21), во период од две седмици додека тој бил отсутен од куќата.

Од  таму  одзел златен и друг вид накит, дигитални ресивери и пиштол „ЧЗ-75“ калибар 9 мм, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »