речник контакт

Кралот Лир четврток премиерно пред велешани

Гледачите ќе можат да видат модерен, современ театар, кој ќе биде примамлив за гледање

Петар Печков

Трагедијата на Шекспир, Кралот Лир велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот премиерно ќе ја прикаже  четврток вечер. Режисер на претставата е Ѕвезда Ангеловска  а препевот на Драги Михајловски. Ова капитално дело на Шекспир е малку изведувано во Македонија. 

Ова дело од сите неговите трагедии е најактуелно и курентно, бидејќи се занимава со  основните вредности на семејство, чии што подоцнежни нарушувања се јавуваат сите макро проблеми и промени кои се јавуваат во општеството. Затоа Лир е постојано актуелен. Поставувањето на ова дело за нас како театар беше голем предизвик. Ретко имаме можност, како велешки театар,  да се поставуваме капитални дела од драмската класика. Гледачите ќе можат да видат модерен, современ театар, кој ќе биде примамлив за гледање а претставата отвора суштински прашања за гледачите - изјави Васил Зафирчев уметнички директор на велешкиот театар, кој во претставата ја толкува улогата на Шутот.

Во неа настапува безмалку целокупниот ансамбл на театарот Џинот и Зоран Љутков како гостин  од Драмски од Скопје. Актерската екипа очекува дека ,,Кралот Лир ,, ќе има долг живот на театарската сцена, најавуваат  атрактивна и репрезентативна претстава, за која долго ќе се зборува. Улогата на Лир ја толкува Јордан Витанов.  

Се работи за сериозен резултат, интересен и несекојдневен. Шекспир чие име не плаши, го донесовме до нормална и разбирлива претстава. Тој дава материјал на даровитите актери да го покажат своето знаење. Кога Ѕвезда ми предложи да го играм  Лир, се сепнав. Како да се одигра 80 годишник, повеќе размислував да го играм Ричард Трети,  Марк Антони, Брут, така се гледав себе си а се случи Лир – вели Јордан Витанов. 

Тој како директор додава дека ова е дрзок чин на еден мал театар од провинција да се постави вакво дело. При тоа потсети дека во далечната 1992-та како театар ги поставија  грчките трагедии, кои потоа прераснаа во татарски фестивал, така што и ова нивно поставување на Шекспир е нормален след на работите. 

Кога се работат вакви  големи претстави  и текстови мора да се има сигурна поделба на ролјите. Лир го избрав интуитивно, бидејќи имам чувство дека текстот е  посветена на  младата генерација, носи таква порака.  Сценографијата ја одбрав како херметички затворена шума, каде човечките животи се испреплетени позади интригите, алгите и измамите – ја најави претставата режисерката Ѕвезда Ангеловска, која втор пат соработува со велешкиот театар. Првата претстава пред неколку години  беше ,,Онегин,,. 

Сценографијата на претставата ,,Кралот Лир,,  е на Валентин Светозарев, костимите на Александра Крнинов Груев.   Претставата ќе биде прикажана и в сабота и вторник.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »