речник контакт

Крајчев со награда на Карамановите средби во Радовиш

Тој доби специјална награда за неговото дело, поетската збирка „Круг полу Круг“

Петар Печков

Велешкиот поет Игор Крајчев, заедно со скопската поетеса Елена Пренџова се добитници  на наградите на годинашните Карамнови средби. Манифестацијата се одржа изминатиот викенд во родниот град на поетот Ацо Шопов, во Радовиш по 41 –ви пат.

Младите македонски поети Игор Крајчев и Елена Пренџова ги понесоа наградите за своите поетски збирки „Љубољубна“ и „Круг полу Круг“. Стручното жири на Карамановите средби во состав: Борче Панов, Јовица Илиќ и Славчо Атaнасов, ги оцени  овие две поетски дела  со највисоки оценки од дваесетте кои пристигнале на конкурсот. 

Книгата „Љубољубна“ на Елена Пренџова ја доби  наградата „Караманов 2014“, а книгата „Круг полу Круг“ на Игор Крајчев со специјална награда „Караманов 2014“. Наградените автори добија признанија и плакети со ликот на Ацо Караманов, а нивните дела ќе бидат објавени во рамки на едицијата на Карамановите средби.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »