речник контакт

Крвава бракорозводна тепачка

Две семејства се степале, откако младите се разделиле. Употребени се нож, метална шипка,стапови. Блиските на девојката завршиле во Болница

Петар Печков

Вчеравечер во 19 часот , на ул.„Над Бутникошарева“ пред маркетот „Жито“ и поранешен Туш во близина на Градскиот пазар, поради бракоразводна постапка, дошло до тепачка помеѓу две семејства.

Во тепачката учесниците си размениле удари со разни предмети стапови, метална шипка и нож со сечиво од 40см. При инцидентот  со телесни повреди се здобиле Ј.М.(1987) и неговата мајка Ј.Џ.(1969) од Велес.

Во Полициската Станица - Велес се приведени Ј.Е.(1961) и неговите синови Ј.О.(1987) и Ј.С.(1992) и истите се задржани за расчистување на случајот.

Според сведоците до тепачката дошло откако невестата го напуштила момчето, по што тој со неговите браќа и татко, се обиделе физички да се пресметаат со нејзината мајка и брат. Тиe двајцата,несудената невеста завршиле  в Болница, но утрово се пуштени на домашна нега, поради карактерот на здобиените повреди.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »