речник контакт

Крвава пролетна вечер, поради лизгавиот коловоз

Скопјанец излетал од автопат и починал а велешанец моторист тешко е повреден по пад од моторот и двете несреќи се случил поради лизгавиот коловоз. Сообраќајките се случија во четвртокот вечер.

Петар Печков

Панче Самарџиски ( 31 год) од Скопје загина откако тој со неговиот автомобил Сеат Ибица излетал од патот и слетал во провалија, висока 30-тина метри. Според велешката полиција до сообраќајката е дојдено поради не држење на страна при возењето како и не прилагодената брзина со  условите на патот.

Очевидците на несреќата велат дека автомобилот поради големата брзина и лизгавиот пат, летнал од автопатот и среќна околност е што се задржал на дрво и не завршил во реката Вардар.  За да му се укаже помош на возачот, присутните едвај се симнале до местото каде се задржала колата, но Самарџиски починал веднаш и нему му немало помош. Автомобилот е целосно уништен и материјалната штета се проценува на 300 илјади денари. 

По два часа на улицата Алексо Демниевски Бауман, пред градската Библиотека тешко е повреден велешанецот А.М. ( 53 год)  кој паднал од неговиот мопед АПН 4. Мотористот изгубил контрола над мопедот на лизгавиот асфалт, паднал  на работ од тротоарот и се здобил со тешки повреди  на главата. По ова е згрижен во велешката Болница но од таму  поради сериозната здравствена состојба е префрлен  во Клинички центар Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »