речник контакт

Крводарителите од велешко и лани ја покажаа нивната хуманост, планот натфрлен, собрани повеќе крвни единици од 2021 година

На терен се изведени вкупно 26 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани 1.313 крвни единици, додека преостанатите 2408 дарувања се собрани во одделението за трансфузиона медицина во Велес од самоиницијативни дарувања на доброволни крводарители

Петар Печков

Планот за крводарување на територијата на Општинската Организација  на Црвен крст Велес во 2022 година е реализиран со  209,51 отсто. Или планирани  биле 1.776 крвни единици а собрани се 3.721.  За споредба со 2021 година, лани  има 44 крвни единици повеќе.

„На терен се изведени вкупно 26 акции за доброволно дарување крв на кои се собрани  1.313 крвни единици, додека преостанатите 2408  дарувања се собрани во одделението за трансфузиона медицина во Велес од самоиницијативни дарувања на доброволни крводарители. Од собраните 3.721 крвни единици 861 се од крводарители жени додека 392 се од дарители кои прв пат дарувале во својот живот. Со собраните крвни единици обезбеден е континуиран и доволен прилив на крв во ЈЗУ Општа болница во Велес и се исполнети обврските кон  Клиничкиот центар во Скопје   “ - соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.

Бројот на дарувања од крводарители жени е зголемен за 9, а бројот на нови крводарители е намален за 46. Во 2021 година имало 852 крводарувања од жени, а 438 од дарители кои прв пат дарувале крв.
 
Од организираните 25 крводарителски акции по три биле изведени со дарители од општина Чашка и Општина Градско како и во гарнизонот на АРМ во Велес. По една со вработените во МВР-ПС Велес, со ОУ „Блаже Конески“, со Детските градинки, со Здружение „Велес Бајкинг“ и по две со учениците од средните училишта во градот, освен СОУ „Јовче Тесличков“ каде има премалку ученици за реализација на акција.

Останатите биле наменети за граѓанството и се изведени  во Ликовниот салон, На 17 април и на 6 Ноември со мото клубот „Носачи на крстот“ беа организирани двете најголеми крводарителски акции со вкупно 327 дарувања

Од интегралниот план за организирање крводарителски акции за 2022 година, на подрачјето на дејствување на Општинската организација на Црвен крст не биле организирани  планираните акции во село Папрадиште по повод Петровден, во ЈКП Дервен и во ОСУ „Јовче Тесличков“.

„Неопходно е да се истакне дека, како и многу години наназад, одлични резултати се постигнати и од самоиницијативните дарувања, што секако се должи и на ефикасноста и соодветниот однос на вработените спрема дарителите во одделението на Институтот за Трансфузиона Медицина  служба во Велес“- додаде Николов.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »