речник контакт

Крводарителска акција за вработените во Државна лотарија

Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, Државна лотарија ги потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност

Петар Печков

Како општествено одговорна компанија, денес се оддржа крводарителска акција во Државна лотарија во која учествуваа голем број вработени лица во дарување на најскапоцената течност.

Во соработка со Црвен крст и со Институтот за трансфузиона медицина, Државна лотарија организираше крводарителска акција која има тенденција да премине во традиционален чин на хуманост во компаниските редови.

„Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи“ - соопштија од Државна лотарија.

Со негување на традицијата на компаниски крводарителски акции, Државна лотарија ги потврдува својата заложба и посветеноста за унапредување на корпоративната општествена одговорност.

ПР текст

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »