речник контакт

Крводарителски акции за крај на годината

Рекордни акции во Градско и ОУ Блаже Конески. Сефте во ПОУ Маца Овчарова и ОУ Васил Главинов. Во четири акции сoбрани 179 крвни единици

Петар Печков

Успешно завршува 2017-тата година за Општинскиот црвен крст од Велес, во областа на  краводарувњето.  Напорите на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Велес за организирање акции за доброволно дарување крв во нови средини даваат резултати.

По примерот на општинското основно училиште “Блаже Конески“ каде што се бележи десетгодишна традиција,  оваа година -пролетта  крводарителска акција беше организирана и во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“, а на 28 и 30 ноември за прв пат беа изведени крводарителски акции во ПОУ „Маца Овчарова“ и ООУ „Васил Главинов“. На двете акции беа дарувани по 23 крвни единици од вработените во училиштата и родители на ученици кои се одзваа на повикот за хуманост и солидарност.

Вчера во ОУ Блаже Конески се одржа традиционалната 11-та по ред  крводарителска акција каде беа собрани 55 крвни единици. Претходно по повод Денот на Општината Градско  и таму се одржа крводарителска акиција каде биле собрани 75 крвни единици.  Овие две акции се рекордни по собрани крвни единици  во десетгодишната нивна историја. 

Првата следна организирана акција ќе биде  во средината на  јануари  месец следната година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »