речник контакт

Крводарување во трансфузиoлогија од октомври, само во понеделник и четврток

Доброволното дарување крв е во термин од 8 до 15 ч.

Петар Печков

Од почетокот на месец октомври, крводарувањето во трансфузиона медицина ќе се извршува само два дена во седмицата, понеделник и четврток, информираа од Општинскиот Црвен крст.

Со одлука за Институтот за трансфузиона медицина, се врши промена на крводарувањето во Службата при Општата болница во Велес. Од  1-ви октомври   доброволно ќе може да се дарува само во деновите понеделник и четврток, во терминот од 8 часот до 15 часот. Сите краводарители кои сакаат да даруваат ги замолуваме да одат во овие два термини. Освен во Службата за трансфузиона медицина крв може да се дарува и на крводарителските акции кои се одржуваат во градот - соопштија од Општинскиот Црвен крст Велес.

Од таму потенцираат дека одлуката крв да се дарува во Велес, само два пати во неделата, е на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »