речник контакт

Крени глас за иднината митинг на СДСМ

На митингот владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше жестоко обвинета, по три години од локалните избори 2009-та, дека таа до победата дошла со фалсификат.

Петар Печков

На митингот на опозиционата СДСМ  одржана вечерва во Велес, тие го промовираа нивниот кандидат за градоначалник за локалните избори, кои треба д се одржат до година. ,,Крени глас за иднината,, е кампањата под која СДСМ ова лето  ги промовираат нивните кандидати во повеќе градови низ Македонија. Во Велес  напролет  трката ќе ја трча Аце Коцевски. На митингот владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше жестоко обвинета, по три години од локалните избори 2009-та, дека таа до победата дошла со фалсификат.

Сите добро знаат што се случуваше на последните локални избори, резултатот беше спротивен на народната волја, јас бев не само морален туку и вистински победник . Вистината ќе излезе на виделина, какви валкани работи се случуваа најстрашно е што во тоа беа вклучени и државни органи. Овие лоши искуства се добра поука за натаму во животот. Немам никакви лични, материјални  и финансиски мотиви за да бидам градоначалник. Напротив  сакам моето знаење и умеење  да го ставам во функцијата на  граѓаните. Сакам Велес повторно да биде најдобрата општина во Македонија. Граѓаните почувствуваа што значи да имаш па да немаш.  Не можам да стојам настрана да гледам што се случува  и да не  преземам ништо. Знам дека во наредните десетина месеци ќе бидам изложен на многу удари и ризикувам,  но не се плашам. Ќе работам да се решат најгорливите велешки проблеми невработеноста и сиромаштијата  – рече Аце Коцевски.

Тој беше градоначалник на општина Велес од 2000-та до 2009-та година.   Него лидерот на партијата Бранко Црвенковски го најави како домаќин, вреден  и чесен  човек, кој заслужува да биде домаќин на градот од следната година.

Сите знаете дека Аце пред три години ја доби Вашата доверба но со закани и уцени, со купување гласови,  му беше украдена победата а Вас поништена изборната волја. Овој пат нема да дозволиме нечесни игри, уште отсега порачуваме не играјте си со оган. Од нас зависи дали ќе бидеме уплашени, наведнати, понижени, изгазени или исправени, горди, достоинствени, слободни луѓе во своја земја. На сите ни е јасно дека работите во Македонија не ни одат во добар правец, не чинат и ова лудило мора да го запреме.  Македонија е земја на споменици и покер апарати, криминал и корупција, на блокирани сметки и  извршители, на  задолжени фирми и граѓани и најголема смртноста на доенчиња.

Македонија е земја на политички затвореници, на згаснати и уценети медиуми, на лажни синдикати и полтронски синдикати. Ова  е резултат на шест години преродба и лажен патриотизам. За ова време власта се наоѓа во рацете на еден човек. Тој е и премиер и претседател на државата, тој е извршна и законодавна власт, тој е и Врховен и Уставен суд, и главен скопски архитект и главен уредник на пола медиуми.  Ме обвинуваат дека додека сме биле на власт не сме направиле ништо.  Ние создадовме држава, а почнавме од нула, без пријатели и со наследен долг. Сега  се жалат на европската криза а   ние издржавме ембарго од север и југ, вистинска катаклизма. Сега два дена ако штрајкуваат грчките цариници е паника,  а ние имавме две години херметички затворена граница. И успеавме да ја сочувавме државата. 

Денес живееме во минатото,  имаме Владини платени реклами   и слушаме како било во тогаш а не кажуваат каква иднина не чека. Ме обвинуваат за транзицијата а кој најмногу од неа профитираше. Да ги потсетиме граѓаните на Велес со чиј потпис во 2002-та беа ограбени работниците на Порцеланка, Лозар и Нокатекс. Ако ја прифатам поканата за посета на спомениците на транзицијата во Велес, кој ќе ме пречека. Во Маслодајна Горан Лазов, во Лозар Марјан Ѓошев, во Киро Ќучук Киро Камчев а во Топилница не можам да го најдам Жанко Чадо кој побегна. Чии се овие луѓе?  Најголеми транзициони профитери во Велес се луѓето на ВМРО - ДПМНЕ. – рече Црвенковски. Тој повторно го повика претседателот на Владата Никола Груевски на  те -ве дуел, за народот да реши кој е предавник а кој патриот.  Претседателот на општинската СДСМ  бара решавање на проблемот со стечајните работници.

Не сакаат да го решат проблемот на стечајните работници, поднесуваме предлог Закон, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не го изгласуваат. Не сакаат да  го решат. Но затоа донесоа пакет анти кризни мерки, да одат да гледаат балет, театар  и опера. Која претстава ќе им ја даваат ,,Среќна Нова `48-та ,, . Со вакво непочитување на народот  не можеме  натаму да  продолжиме. Во 2009-та ни ја земаа победат со закани и уцени, 2013 тоа нема д се повтори -  рече Марјанчо Николов пратеник на СДСМ од Велес

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »