речник контакт

Криви паланчани најдобри на риболовниот куп Ласка

Тие ги освоија сите три победнички места поединечно и првo екипно

Петар Печков

 Екипата на Мрена од Крива Паланка се покажа како најдобар риболовец на купот ,,Ласка,, кој го организираше Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна од Велес. Со учество на 13 екипи, две од странство Косово и Србија,  целосен триумф на кривопаланчани.

Поединечно  Горан Тонев беше најдобар, пред Емил Додев и Сашко Велковски. Разбирливо што и екипно  Мрена од Крива Паланка победи пред Кркушка  и Бабуна и двете од Велес.

Овој турнир по подолги години се одржа на реката Вардар, на локација под Железен Мост. Сите риби кои беа уловени, беа и вратени во реката.  Високото ниво на реката Вардар како и матежот не беа поволни за подобар улов. Се ловеа еѓупка,  скобал и кркушка.

Се ловеше штафетно секој  од трите члена ан екипата имаше на располагање 75 минути. Овој турнир се одржува од 1980-та година. Учествуваа екипите на Пчиња и  Магна од Куманово,  Пец-пец Прилеп,  Крап  Радовиш,  Оскар  Кавадарци, Металург, Бабуна 1 и 2 и Кркуша од Велес, Црна Река  Битола, Мрена Крива Паланка,  Јужна Морава Врање и Ас од Приштина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »