речник контакт

Кривична за С.Ч. за хотелот во Горно Врановци

СВР го товари поранешниот претседавач на Општина Велес дека ја злоупотребил службената должност. С.Ч. одговори ова е смешна кривична пријава и таа ќе биде отфрлена

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.Ч. (58) од  Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираше  на прес конференција портпаролот Верољуб  Додевски.  

Пријавениот го сторил кривичното дело во периодот дури бил претседател на Совет на општина Велес на тој начин што го прекршил Деловникот за работа на општина Велес  на 62 – та седница одржана на 11.07.2012 година. Претходно симнатата точка 6 од Дневниот ред, поднесена од градоначалникот на општина Чашка – „Предлог-Одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка “, побарал по итна постапка повторно да биде вратена на Дневниот ред без да ја образложи итноста, иако му било укажано за прекршување на член 61 став 4 од Деловникот за работа на Советот – изјави Додевски.  

Според кривичната пријава  Општина Велес била сопственик на недвижен имот – Синдикално одморалиште во Горно Врановци, кое било градено со средства на поранешните претпријатија кои работеле на подрачјето на општина Велес, а е евидентиран во имотен лист за катастарска општина Горно Врановци. Во 2004 година, од страна на Комисијата за приватизација на Република Македонија било донесено решение за преземање на деловно средство, по што објектот бил превземен од Комисијата и доделен на стопанисување на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија. По судска постапка помеѓу општина Велес и наведеното јавно претпријатие, на 15.06.2012 година имотот се запишува повторно во сопственост на општина Велес . По само една недела од донесувањето на одлука, од страна на општина Чашка до општина Велес било поднесено Барање за донесување одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка, односно општина Чашка го побарала синдикалното одморалиште поради работи од јавен интерес од локално значење, но со економски фактор.

По доставени две ургенции од страна на општина Чашка за наведеното Барање, од страна на претседателот на Советот на општина Велес било ставено на Дневен ред на 62-та седница на Советот закажана за 11.07.2017 година и заведена под точка 6. Од страна на членовите на советот присутни на седницата, точката 6 била симната од дневниот ред со гласање од 22 членови. Спротивно на Деловникот за работа на Советот на општина Велес , претседателот С.Ч. веднаш предложил по итна постапка поставување на дневен ред нова точка – Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка. Притоа, од страна на членови на Советот на претседателот  му укажале за свесно кршење на Деловникот. Занемерувајќи го мислењето на одредени членови и наведувајќи дека не се работи за истата точка затоа што сега предлагачот бил друг, тој дозволил расправа по таа точка,  а подоцна и донесување на Одлука по истата точка. Одлуката во Службен весник на Република Македонија била објавена на 16.07.2012 година. По донесената одлука за пренесување на правото на сопственост на синдикалното одморалиште Горно Врановци од Општина Велес на Општина Чашка, општина Чашка веднаш го огласиле за продажба со почетна цена 29.745.155 денари. 

Градоначалникот Чадиев, против    кого МВР поднесе   кривична пријава, за истата вели 

Ова не е ново, беше  очекувано оти  ми беше  најавено, дека вакво нешто ќе  се  случи. Се чекаше да  се види д али  ќе бидам или не кандидат за градоначалник на    Велес.   Работено е по   анонимна пријава до СВР се поведоа постапки. На службите   на СВР Велес им беше доставено комплетното досие за овој предмет, мотелот во Горно Врановци.  Очигледно е  дека  МВР станува дел од   кампањата на  СДСМ  за изборите кои доаѓаат со  цел да  се наштети на  угледот  на градоначалникот Чадиев, да се доведе јавноста во заблуда, да се  дискредитира мојата работа и лик.    Наводите  не   се точни, оти  претседателот  на Советот  истовремено е  и  советник и  има право да предложи било што на дневен ред, а дали Советничкото  мнозинство ќе го прифати  или не   е нивна работа и  нема одговорност за тоа. Тоа е исто како  пратеник да го ставите да одговара за ваква работа.   Досега неколку кривични пријави паднаа против мене, така што  ова е смешна кривична пријава  и таа ќе биде отфрлена. Ова е конструкција од Скопје  и почнуваат со притисок, на само врз мене туку и врз  мојата фамилија, олабавување шрафови на тркала од гуми – изјави Чадиев. За него  е  чудно што иако настанот за кој е поднесена кривичната се случил летото 2012-та а дури по 5 години МВР му поднесува пријава. 

Веднаш по отстапувањето на хотелот во Горно Врањовци од Општина Велес на Општина  Чашка, Инспекторатот за локална самоуправа работеше на овој случај. Тогашниот директор  на овој Инспекторат, Ванчо  Шехтански  констатира   дека  ,,точката на дневен ред  со која објектот се подарува  е повлечена па потоа истата е ставена како итна, што е спротивно со Деловникот на работа на општина Велес. Поради ова Државниот инспекторат за локална самоуправа констатира дека донесената одлука за подарување на Хотелот во Горно Врановци е незаконска и спротивна на законот, па не може да произведе правни дејствија, па истата се запира,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »