речник контакт

Кривична за велешанец кој иако во самоизолација бил затекнат надвор од својот дом

Изминатите два дена 69 лица казнети оти не носеле заштитна маска

Петар Печков

МВР информираше дека СВР Велес поднело кривична пријава против М.А.(23) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавениот, без дозвола и без оправдана причина за итност бил затекнат надвор од својот домот и не се придржувал кон воведената мерка „забрана на движење на подрачјето на РС Македонија“, со цел спречување на ширење на заразната болест ковид-19 и заштита на населението- пишува во соопштението до МВР.

За изминатите два дена во Велес казнети 69 лица поради не носење на заштитна маска, соопшти полицијата.

Според портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски, во понеделникот  биле констатирани  34 прекршока,во вторникот, вчера 35 .

Овие граѓани не ја почитувале  Уредбата на Владата за задолжително носење на заштитни маски.

Казната за непочитувањето е 20 евра во денарска противвредност, или ако се плати во рок од осум дена е 10 евра или 620 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »