речник контакт

Кривична за двајца скопјани, кои дале мито за вработена да не врши надзор на градежни работи

Случајот е регистриран во Општина Кавадарци

Петар Печков

Кривична за двајца скопјани, за давање на поткуп на вработена во кавадаречката локална самоуправа. МВР со детали за настанот.

„Денеска  29 март, ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(34 год) и Ј.С.(60 год), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека извршиле кривично дело „давање поткуп‘‘, предвиден и казнив по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Двете лица кривичното дело го сториле на 29.12.2022 околу 09.30 часот во Општина Кавадарци, при што на вработена во Одделението за урбанизам, дале поткуп во износ од 500 евра во апоени од по 100 евра, со цел да не изврши службено дејствие кое морала да го изврши – надзор врз градежни работи“- соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »