речник контакт

Кривична за екс стечајниот во Транс Велес

Стечајниот Страхил А. присвоил 1,265 милиони денари, како награда за извршена работа, за трошок за зкуп на деловен простор, за сметка за мобилен и за службени патувања

Петар Печков

 Полицијата поднесе кривична пријава против Страхил А.(67) од с.Црешево-Скопје, инаку стечаен управник на Друштвото за автотранспорт и шпедиција ТРАНС Велес АД во стечај Скопје заради постоење на основано сомнение дека во периодот од 2008 до 2011 год со намера да стекне со противправана имотна корист, ја искористил службената положба и овластување и противправно присвоил за себе 1.265.300 денари од стечајната сметка на ТРАНС ВЕЛЕС. На тој начин пријавениот го сторил кривичното дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“

Страхил А. со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист во периодот од 2008 до 2011 година од стечајната сметка на ТРАНС ВЕЛЕС подигнал на име аванс за награда износ од 625.000 денари, на име трошоци за закуп на деловен простор и користење на мобилен телефон износ од 429.300 денари и на име трошоци за службени патувања износ од 211.030 денари или вкупно подигнал 1.265.300 денари од стечајната сметка на ТРАНС ВЕЛЕС во стечај, иако знаел или требало да знае ,дека е потребно одобрение од стечајниот судија за да може да ги подигне горенаведените парични средства од стечајната сметка.

Од извршените проверки и прибавената документација е утврдено дека надлежниот стечаен судија од Основниот суд Скопје-2 со решение од 28.03.2011 год. го разрешил стечајниот управник од должноста во  ТРАНС ВЕЛЕС АД Скопје, а истовремено за нов стечаен управник ја назначил Д.К.С. од Скопје. Од нејзина страна при увидот  било утврдено дека по основ на награда и материјални трошоци во периодот од отварањето на стечајната постапка на должникот до денот на разрешувањето без одобрение односно решение на Судот, подигнал вкупен износ од 1.265.330 денари во своја корист.

Врз основа на утврдените неправилности, стечајниот судија донел дополнително решение од 03.10.2011 година со кое го задолжил Страхил А. да ги врати паричните средства во износ од 1.265.330 денари кои ги подигнал од стечајната сметка на ТРАНС ВЕЛЕС по основ на награда и трошоци за работење. Иако бил задолжен со горенаведените судски решенија да ги врати бесправно подигнатите парични средства на стечајната сметка на ТРАНС ВЕЛЕС тој тоа не го сторил односно сеуште ги нема вратено паричните средства на стечајната сметка

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »