речник контакт

Кривична за командирот на велешка полиција

Д.Ѓ. се сомничи за ,,несовесно работење во службата,,

Петар Печков

 МВР информираше дека е поднесена кривична пријава против  командирот на велешката полиција. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(34) Командир на Полициска Станица  Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во перидот од 2012 година  до 2013 година од страна на ПС ОН Велес биле комплетирани и изготвени 16 Барања за поведување на прекршочна постапка по ЗППЈРМ и ЗБСП кои требало да се достават до Основен суд Велес - девет Барања за поведување на прекршочна постапка и до Комисија за прекршоци - седум Барања за прекршочна постапка.

Пријавениот  Д.Ѓ. во својство на службено лице со пропуштање на должниот надзор и несовесно постапување при вршењето на своите овластувања и должности, наведените барања не ги процесуирал до надлежниот суд и Комисијата за прекршоци, по што настапила апсолутна застареност за прекршочно гонење на сите Барања и притоа предизвикал неможност сторителите на наведените прекршоци соодветно да бидат санкционирани од надлежните органи. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »