речник контакт

Кривична за неготинска фирма за нелегален ископ на песок но и за велешанец кој како контрола на работењето не презел мерки за фирмата

Фирмата и контролорот се сомничат за кривично дело „несовесно работење во службата“

Петар Печков

СВР Велес до ОЈО Велс поднесе кривична пријава за правно лице до Неготино оти вршело ископ на песок од Вардар иако дозволата му истекла и против велешанец кој како контрола  на работењето на фирмата, дозволил таа да работи нелегално.

„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против правно лице од Неготино и против К.Г. (53 год) од Велес, одговорно лице од Водостопанство за контрола на работењето на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. На 17.10.2023, полициски службеници од Отсекот за економски криминал извршиле контрола во правното лице во Неготино, кое врши ископ на песок, при што било констатирано несовесно работење од К.Г., односно по истекот на важноста на дозволата за вршење на ископ на 05.10.2023 и без никакво одобрување или дозвола од Министерството за животна средина, правното лице продолжило со активноста на ископ на песок на речното корито во Неготино, на место викано „Илкова лака““ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »