речник контакт

Кривична за родителите, за смртта на бебето

Родителите на 20 дена возрасно бебе од Велес, кое почина пред една седмица, добија кривични пријави за повреда на семејни обврски.

Петар Печков

СВР Велес ги товари мајката М.С. ( 39 год) и таткото (42 год) дека поради нивна родителска негрижа починало машко бебе кое било родено на 30-ти октомври годинава. 

Мајката  објаснуваше на медиумите дека го хранела  бебето со млеко кое го разредувала со вода,  го хранела со бисквити, но тоа кое не напредувало и константно ја губело тежината.  Бебето било родено со 3,1 кг а починало со 2,2 кг.  Иако при посета на педијатар им било посочено дека бебето е слабо ухрането,  родителите не  побарале лекарска помош од Медицинскиот центар.

По смртта на бебето на 20 ноември, полицијата спровела истрга  и открила дека новороденчето не било соодветно хрането па тоа постојано ја губело тежината. Иако мајката била предупредена од лекарите дека детето може да почине од глад, таа ништо не презела. Поради ова М.С. која е лице со посебни потреби и Ј.С. заработија кривични пријави за повреда на семејни обврски.

Ова и е трето бебе на мајката кое и починува.  Родителите се невработени и се социјален случај. Резултатите од обдукцијата треба да ги откријат точните причини за смртта на новороденчето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »