речник контакт

Кривична за секретар на Планинарски клуб од Кавадарци

Лицето се сомничи дека сторило сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“

Петар Печков

 Одделението за внатрешни работи Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднело кривична пријава против В.М.(59 год) од Тетово поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ казниво по член 280 од Кривичниот Закон. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„В.М. како секретар Планинарски клуб од Кавадарци, на 17.07.2020 незаконски го искористил печатот од здружението, го ажурирал членството во регистарот на членови со неточни и лажни податоци за членство, односно впишал лица во регистарот кои во моментот не биле активни членови со намера да го искористи нивното членство со една третина во негова корист и да побара одржување вонредна седница. На тој начин и со тие членови го надгласал и сменил дотогашното раководство на здружението со што го преземал раководството и нанел штета на основачите на здружението, старото раководство и членство, како и на самиот планинарски клуб“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »