речник контакт

Кривична за секретарот и екс директорката на ОУ ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,

Секретарот сам си пресметал повисока плата екс директорката премолчала

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.К. (62) од Велес, секретар во ОУ „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Ф.И. (58) од Велес - одделенски наставник во истото училиште во Велес (претходно била директор) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

 К.К. при изготвување на платните списоци, сам си пресметал повисока плата за периодот од февруари 2015 година заклучно со Септември 2016 година, зголемувајќи го коефициентот предвиден за работното место кое го извршувал.

Ф.И. извршувајќи ја функцијата директор на наведеното училиште во тој период, со пропуштање на должен надзор и контрола на платните списоци изготвени од секретарот, му овозможила на истиот да се стекне со противправна имотна корист, со што го оштетиле буџетот на Македонија за 88.600 денари.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »