речник контакт

Кривична за скопјанец кој во Велес пазарел со 100 фалсификувани долари

Во просторија која ја користел пријавениот во Скопје, биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

„На 10-ти ноември минатата година,  во Велес во продажен објект, пријавениот употребил фалсификувана банкнота од 100 американски долари. На 25.11.2021 полициски службеници извршиле претрес во просторија која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари“- соопштија од МВР.

Лицето М.М. од Скопје во Велeс ќе одговара за само за 100-те долари, со кој се обидел да плаќа во продавница.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »