речник контакт

Кривична и притвор за велешанец за поседување дрога

Велешанец седел во кафеана и починал

Петар Печков

Велешката полиција информира дека поднела кривична пријава  против велешанец за поседување на дрога. Обвинителството објави дека  за истото лице отворило истрага и му е изречен притвор од еден месец.

На 20.06.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на  Ј.К. (59 год) , при што пронашле и одзеле кокаин и амфетамин - соопштија од МВР.

Основното јавно обвинителство Велес информираше дека  започнала истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции.

Осомничениот 59-годишен велешанец, пред влезот и во внатрешноста на куќата во која живее, неовластено заради продажба држел 29,2 грама амфетамин, 4,52 грама кокаин и 89,37 грама прашкаста материја кофеин која што служи за зголемување на масата на наркотичната дрога. Дрогата била пронајдена при претрес на домот на осомничениот. Притоа, освен наркотичната дрога, беше пронајдена и дигитална вага и парични средства во износ од 500 американски долари и 415 евра -  соопштија од ОЈО Велес.

Бидејќи  постоеле  околности кои укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес поднел и предлог за определување притвор за осомничениот кој е прифатен и на лицето му е определен притвор во траење од 30 дена.

Велешката полиција информира за настан кој се случи вчера претпладне во кафеана на Градскиот пазар. Лицето влегло и за кратко време починало. 

Вторникот на  25 јуни  во 09.30 часот во СВР Велес, лекар од Итната медицинска помош Велес пријавил дека на улица „Ангел Мишев“ констатирале смрт без траги на насилство кај лицето А.Р.(67) од Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје - информриаа од СВР Велес.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »