речник контакт

Кривична пријава за полициски службеник за фалсификување исправа

СВР Велес поднело пријава и за помагање в сторување на делото,за битолчанец исто така вработен во МВР

Петар Печков

СВР Велес до ОЈО Велес поднело кривична пријава против О.К. (41 год) од Велес, вработен во СВР Велес  и Н.К. (46 год) од Битола, вработен во СВР Битола.

„Постои  основано сомнение дека О.К. сторител на кривично дело „измама“, казниво по член 247 од КЗ на РСМ, кое го сторил на тој начин што со намера да се стекне со имотна корист, во време додека е уште член на Независниот синдикат на полиција на Македонија, довел во заблуда вработени во МВР дека се потпишуваат на пристапници за НСП, а не на во тоа време неформираниот Синдикат на полиција на Македонија, како и кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправа“, казниво по член 379 став 1 т.2,  кое го сторил на тој начин што ги навел полициските службени лица да го стават својот потпис врз исправа со лажна содржина, која тој самиот ја составил, при што таквите исправи ги употребил за регистрирање на Синдикат на полиција на Македонија“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол нa СВР Велес.

.  
„За Н.К.. поради „помагање“, по член 24 во извршување на кривичното дело „измама“, по член 247 од КЗ на РСМ и кривичното дело „посебни случаи на фалсификување исправа“ по член 379 став 1 т.2 од КЗ, поради тоа што иако знаел или морал да знае дека изработката на документација без да бидат извршени дејствата е забранета, му помогнал во изработката на фалсификатите на О.К. и спроведување на измамата“- додаде Самарџиев.

За случајот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошно постапување, бидејќи  двете пријавените лица се вработени во МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »